Во период од 20-21.01.2008 година, во организација на Ромскиот театер „Фадиљони“ од Скопје, се организира Прв Ромски Меѓународен Театарски Фестивал. Фестивалот е финансиски покриен од Министерството за култура на Република Македонија.
На фестивалот ќе се состои од 4 престави и сите ќе бидат одржани во Драмски театер, Скопје. На фестивалот ќе земат учрство Ромските театерски куќи:
1. Театар „Фадиљони“, Скопје со преставата „Камлипе“ (Сакање) што се одржа денес (20.01.2008, со почеток од 18:30 часот)
2. Ромски театар „Сонот на Ромите“, со преставата „Не е се како што изгледа“, на 21.01.2008, нема наведено час на почнување
- Актери: Бранко Ј., Споменка Ј., Жељко Ј., Драгана Ј., Лазар Максимовиќ, Славица Ј., Драгана Радаковиќ, Наташа Тасиќ и Зоран Јовановиќ
- Музика: Сања Илиќ - Балканика Најџел Кенеди
- Режија, микс, костим: Зоран Јовановиќ
- Содржина: нема
3. Театар „Баирска светлина“, Битола со преставата „Баирска Светлина“, на 22.01.2008, со почеток од 17:00 часот
- Актери: Ахмед Демиров, Ипек Бајрамова, Денис Канановски, Мануела Елмаз, Мануел Умер, Денис Иса, Сенада Иса, Менан Веиловски, Сабрија Јусифова, Фатмир Демиров и Салвета Медик
- Музика: Ферди Салих
- Светло: Диме Дамчевски
- Костимограф: Денис Адемовски
- Сценограф: Самедин Канановски
- Режија: ?
- Содржина: Преку преставата авторот сака да ја опише реалната слика во Ромската заедница,опфаќајќи неколку сегменти од секојдневието во Ромската заедница во Битола и тоа пробчемот со нискиот степен на образование, социјално-економски загрозените семесјства, незаинтересираноста на родителите за развој на нивните деца во образованието, прифаќање на лошите пророци од страна на младата Ромска популација, особено кон дрогата, дел од дискриминацијата итн.
4. Театар „Шефќет Ибраимовиќ“, Лесковац со преставата „Софија“, на 22.01.2008, со почеток од 19:00 часот.
- Актери: ?
- Музика: ?
- Светло: ?
- Костимограф: ?
- Сценограф: ?
- Режија: Саша Кадрич
- Содржина: Љубовна приказна со необичен тек за денешно време. Софија и Игор се заедно од дество и уште како мали си ветија еден на друг вечна љубов, но Таир постариот брат на Игор е вљубен во Софија. Со Игоровото одењ во војска, брат му Таир со помош на Раим ја придобива Софија, но и нејзината љубов. Станува замрачено кога Игор се враќа од армија и ја запознава својата снаа, а таа е никј друг туку неговата голема љубов Софија.
**ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРЕСТАВИТЕ И НИВНИТЕ ОПИСИ СЕ ИЗВАДЕНИ ОД ДЕЛЕТА БРОШУРА НА ДЕНЕШНОТО ОТВАРАЊЕ НА ПРВИОТ РОМСКИ МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ**
Влезот за преставите е бесплатен
Отварање-Прв ден од Првиот Ромски меѓународен театарски фестивал
Денес (20.01.2008) со почеток од 16:30 часот, со преставата „Камлипе“ (Сакање) на Ромскиот театар „Фадиљони“ од Скопје, беше отворен фестивалот.
- Актери: Мамуд (татко), Сафија (мајка), Адвија (ќерка), Суада (ќерка), Фадил (пијаница), Мурат (љубовник), Сенат (ковач), Емина (мајак), Денис (другар) Маки (другар)
- Музика: Шабан
- Светло: Сенат
- Костимограф: ?
- Сценограф: ?
- Режија: Фадил Ајваз
Пред почетокот на преставата Директорот на Т.„Фасиљони“, Г-н Дадил Ајваз ги поздрави присутните и го отвори фестивалот, со попратен говор од Г-н Шабан Салиу, пратеник во Собранието на Република Македонија.
Си кажа тоа што треба да си кажат и конечно по 30 минутно задоцнување почна преставата. На прошурата за фестивалот, содржината на преставата беше опишана како: „Богата куќа, богата фамилија. Нивната ќерка е вљубена во сиромашно момче. Таткото дознава и со какви проблеми се среќава, ќе видите.“
Видов... одлична престава, со одлична содржина, изиграна во неколку сцени. Јазикот на преставата беше Ромски со одлични монолози и дијалози...
Се престави една стара традиција, која што сметам дека во сегашноста, веќе не се практикува.. Се прикажа едно сиромашно Ромско семејство и едно богато Ромско семејство, живетот во едното и живото во другото семејство, однсно однесувањата помеѓу членовите на семејствот. Можеше да се види разликата помеѓу нив, но заедничко им беше насилствотом искличително насилството врз жената Ромка.
Се раѓа љубов помеѓу детето од сиромашното семејство и девојчето од богатото семејство. Пеперутки летаат се додека родителите на богатото девојче не дознаат за таа љубов, кој остра ја осудуваат или подобро речено, татко ти збеснува и со замислам да ја „спаси“ од сиромашното деете, а со тоа и од сироашниот живот што би го имала со него, тој ја ветува на богата фамилија. Ова ветувањето повеќе наличуваше на продавање на девојчето, како некоја стока, отколку нејзино верење со друго момче... Овој дел исто така сметам дека не е во исто насока со сегашните животни текови на Ромите. По соопштувањето на веста на богатото девојче, збесува и се спротиставува на одлуката на најзиниот татко, но како, според приказната таткото го има последниот збор. Неможејќи да ја раскине таа „веридба“ или „продажба“ на нејзиниот татко и со цел да го заштите својот сиромашен дечко од нејзиниот татко, таа се го одзема животот со бесење.
Расплетот е најакиот дел, одсно дел кој те тера дасе ежиш... Сиромашното дете на раце задно со неговите другари го носи беживотното тело на неговата девојка и го дава на нејзиниот татко. Овој момент со соодветната попратна музика, треба само да се доживее, не може да се опише со зборови.
На крајот она што беше пренесено како порка, според мене е ЉУБОВТА Е ПОСИЛНА ОД СМРТА.
На крајот многубројниот аудиториум ракоплескаше на актерите на треставата цели 8 миниту.
Бидејќи не сум компетентен да ја оценува и давам некои мои зклучоци околу содржината, техничкиот дел на преставата, но за она што го видов давам;Палец горе за:
1. Големиот број на ромска популација, кој што ја следеа преставата2. Различноста на посетителите на преставата (роми - политичари, високо пбразование, ниско образование, студенти, естрадни уметници, актери и членови на невладини ромски здрженија
3. Одлична музика.. соодвествуваше со преставата
4. Одлична костимографија
5. Добра сценографија
6. Генерално добро пренесена порака
Палец доле за:
1. Вклучени мобилни на публиката и покрај предупредувањето2. Голема галама од публиката за време на преставата
3. Дофрлување од публиката за време на преставата
4. Плачење на мали деца од публиката
5. Тивко зборење на дел од актерите во преставата
6. Преставување на голмо насилство врз жената во семејството
Се надевам дека „театарската“ култура или однесувањето за време на театарска престава ќе се подобри на Ромската популација со текот на времето или со помош на едукација преку брошури, летоци давани од страна на Ромските театри пред почеток на секоја престава.
Очекувам ваши мислења за следните театарски престави на овој Фестивал.
Поздрав
Срџан


No comments:
Post a Comment