Friday, July 11, 2008


Поддржете ја акцијата за Креирање на Фонд за поддршка на деца и млади- жртви на сексуално злоставување во РМ
ДОНИРАЈТЕ!
ЦИРа во партнерство со неколку организации, медиуми и индивидуи ја започна кампањата за прибирање средства од страна од граѓаните и претријатијата од РМ за формирање на фонд за поддршка на деца и млади- жртви на сексуално злоставување во РМ.
Во овој период ги повикуваме сите заинтерсирани да се придржат со свое волонтерско учество на оваа акција. Во рамките на кампањата ќе се организираат голем број на активности во кои ќе земат учество медиумски ѕвезди, медиуми, НВОи и институции.
Кампањата ќе започне во втората половина на месец август 2008 годиина и ќе трае 2 месеци.
Целта на оваа кампања е да се помогнат семејствата и жртвите на сексусално злоставување, како и организации кои работат во ова поле за решавање на овој голем проблем, кој во последните неколку месеци го сретнуваме секојдневно во медиумите и црните хроники во дневниот печат.
Со фондот би се прибрале средтства кои би биле наменети за :
- психо-социјална работа со жртвите(индивидулана и групна терапија)
- обезбедување на непосредна помош( обезбедување приверемно сместување, храна, хигиенски средства, облека, транспорт)
- обезбедување на правна помош на жртвите
- поддршка за интегрирање во заедницата (поддршка за ангажирање во институции со сигурна средина, планирање и започнување на свој бизнис, организарње на групни посети и ексукурзии)
- одговоарње на потребите на жртвите врз основа на анализа на нивните специфични потреби
- кампањи за информирање и едукација на младите за спречување на манипулација

За повеќе информации обратете се дирекно до ЦИРа на
телефонскиот број: 02 / 3114 - 855 и на http://www.cira.org.mk/