Wednesday, April 30, 2008

Philanthropy Award for 2007 in Macedonia * Награди за Филантропија за 2007 година во Макеоднија

Оваа година за прв пат во Република Македонија беа доделени годишни Награди за Филантропија до кои им се оддава признание на граѓаните, препријатијата и граѓанските организации кои се истакнале со свој филантропски ангажман во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и го дале најголемиот придонес за поттикување на филантропијата во Македонија.

Центарот за институционален развој ја спроведува оваа иницијатива како дел од Програмата за филантропија во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), а имплементиран од партнерски конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ), во кој членуваат и Центарот за институционален развој (ЦИРа), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ). Целта на проектот е да помогне граѓанскиот сектор да стане поефективен, повлијателен и постојан партнер на владата и на деловниот сектор во обликувањето на сегашноста и иднината на земјата. Целта на Програмата за филантропија е да ги стимулира локалните филантропски активности на граѓаните и деловниот сектор во Македонија кои претставуваат драгоцен ресурс за поддршка на граѓанските организации и локалната заедница и подобрување на благосостојбата на сите граѓани. ЦИРа ги постигнува овие цели преку: обезбедување услуги и помош на донаторите (индивидуалци и претпријатија), поддршка на граѓанските организации при мобилизирање локални ресурси и преку промовирање на позитивни примери.

(Повеќе информации на http://www.cira.org.mk/)

Добитниците на наградата се добиени преку процес на номинирање, кој се одвиваше во период од 5-ти до 31 март 2008 година, а во кој можност за изразување на своето мислење добија сите граѓани, препријатија, јавни институции и здруженија на граѓани и фондации во Република Македонија.

Вкупно пристигнаа 37 номинации во сите четири категории. Одлуката за наградите ја донесе шестчлено жири, составено од преставници на бизнис заедницата, медиумите, естрадата, граѓанските организации и експерти од земјава, кои во процесот на одлучување, се водеа од воспоставените критериуми кои беа објавени во процесот на номинирање.

Добитници на награди во четири категории се:

- Г-н. Трифун Костовски, Награда за индивидуална филантропија
- Тетекс АД Тетово, Награда за филантропија за голема национална компанија
- Кенди, Д.О.О.Е.Л. Скопје, Награда за филантропија за мало и средно препријатие
- Фондација за локален развој и демократија Фокус, Велес, Награда за филантропија за граѓанска организација

Покрај официјаните награди на Тоше Проески му беше доделено посебно признание за доживотна посветеност на филантропско делување.

Во 5-те номинарани здруженија на грагани и добитници на плакета за филантропски активности за 2007г., за граѓанска организација е и Хумнитарната организаицја МИР, Скопје, која успешно преку реализација на филантропски активности успеа 20 деца Роми од улица да ги вклучи во образовниот процес, а 12 деца Роми кои го прекинаа образованието да се вратат во училишните клупи.
Во текот на минатата година МИР покрена широка акција за прибирање средства од бизнис секторот и индивидуалците за создавање на Фонд за набака на учебници и училишен прибор за деца Роми кои не се опфатени во образовниот процес. Фондот беше создаден преку примена на повеќе техники и методи за прибирање на финансиски средства, а најмногу средства се собрани од роганизираниот Ромски хумнанитарен концерт на 29 август 2007.

Thursday, April 3, 2008

Oploduvanjе

За да оплодите жена, освен она што мора да го направите вие и вашите сперматозоиди треба да научат како се прави тоа правилно :)

Еве уверете се сами